Ефесјаните 6:10-14
Ефесјаните 6:10-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
На крајот ви порачувам да црпите сила од Господ и од Неговата огромна моќ. Облечете го целосно Божјиот оклоп, за да можете да ги издржите подмолните напади на Ѓаволот. Ние не се бориме против луѓето од крв и месо, туку против злите владетели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори. Затоа целосно облечете го Божјиот оклоп. Така ќе можете да издржите во зло време, па откако борбата ќе заврши, ќе останете цврсто исправени. Бидете непоколебливи, препашани со појасот на вистината, облечени со штитникот на праведноста
Ефесјаните 6:10-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Браќа, засилувајте се во Господ и во силата на Неговата моќ! Облечете се во сето оружје Божјо за да се одржите против ѓаволското лукавство; зашто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата. Поради тоа примете го сето оружје Божјо, за да можете да се браните во лош ден, та, откако ќе победите, да се одржите. И така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во оклопот на праведноста
Ефесјаните 6:10-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Најпосле, јакнете во Господа и во силата на Неговата моќ! Облечете се во сето Божјо оружје, за да можете да им се спротивставите на измамите на ѓаволот. Зашто нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места. Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се браните во лош ден и откако ќе свршите сѐ, да се одржите! И така, стојте цврсто! Препашани со вистината преку бедрата, облечени во оклопот на правдата