Ефесјаните 6:1-4
Ефесјаните 6:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Деца, бидете им послушни на своите родители бидејќи вие Му припаѓате на Господ. Тоа е примерно поведение. Првата од Десетте заповеди што содржи и ветување гласи: „Почитувај ги своите татко и мајка.“ А ветувањето е: „за да ви биде добро и долго да поживеете на Земјата.“ Татковци, немојте да предизвикувате лутина кај вашите деца. Одгледувајте ги и воспитувајте ги во Господовото учење.
Ефесјаните 6:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Вие, деца, бидете им послушни на родителите свои, во името на Господ, зашто тоа е праведно. „Почитувај ги својот татко и својата мајка!“ – тоа е првата заповед со ветување, „За да ти биде добро, и да живееш долго на земјата.“ И вие, татковците, не дразнете ги децата свои, туку подигнувајте ги во воспитанието и науката на Господ.
Ефесјаните 6:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Деца, слушајте ги своите родители во Господа, зашто тоа е право. “Почитувај ги својот татко и мајка - тоа е првата заповед со ветување - за да ти биде добро и за да живееш долго на земјата!“ А вие, татковци, не дразнете ги вашите деца, туку воспитувајте ги во науката и опомената на Господа.