Ефесјаните 5:31-33
Ефесјаните 5:31-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Светото Писмо вели: „Заради тоа човек ќе ги напушти својот татко и својата мајка и ќе се здружи со својата жена, па тие двајца ќе станат едно тело.“ Тоа е голема мистерија, но ова што го зборувам се однесува на Христос и на Црквата. Затоа, ќе ви повторам уште еднаш: секој маж нека си ја сака сопругата, онака како што се сака себеси, а жената нека го почитува својот сопруг.
Ефесјаните 5:31-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Поради тоа, човекот ќе го остави својот татко и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат едно тело.“ Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христос и за Црквата. И така, секој од вас да си ја сака жената своја, како што се сака самиот себе, а жената да го почитува мажот свој.
Ефесјаните 5:31-33 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи кон својата жена, и двајцата ќе станат едно тело.“ Оваа тајна е голема - а јас зборувам гледајќи на Христос и на Црквата. И така, секој од вас да ја љуби својата жена како себеси, а жената да го почитува својот маж.