Ефесјаните 5:15-20
Ефесјаните 5:15-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Внимавајте како живеете! Нека биде тоа мудро, а не неразумно. Ова се тешки времиња, затоа користете го секој миг. Немојте да се однесувате глупаво, туку трудете се да сфатите како Господ сака да се однесувате. Не опивајте се со вино! Тоа може само да ве уништи. Дозволете Му на Светиот Дух да ве исполни и да ве води! Разговарајте еден со друг, читајте псалми, пејте химни и духовни песни! Вашите срца нека пеат за Господ! Постојано и за се заблагодарувајте Му се на Бог, небесниот Татко во името на нашиот Господ Исус Христос.
Ефесјаните 5:15-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Па така, внимавајте добро како живеете! Не како безумни, туку како мудри; ползувајте го времето, зашто дните се лукави. Затоа немојте да бидете неразумни, туку распознајте што е волјата Божја! И не опивајте се со вино, во него има разврат, но исполнете се со Дух. Разговарајте меѓу себе со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господ во срцата ваши; благодарејќи Му секогаш за сѐ на Бога и Отецот, во името на нашиот Господ Исус Христос
Ефесјаните 5:15-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така, внимавајте грижливо како живеете! Не како немудри, туку како мудри; искупувајте го времето, зашто дните се зли! Затоа не бидете неразумни, туку разберете што е Господова волја! И не се пијанете со вино, во кое е разузданоста, туку полнете се со Духот! Зборувајте си еден на другиот со псалми, и химни, и со духовни песни! Пејте Му на Господа и воспевајте Го во вашите срца! Благодарете Му секогаш за сѐ на Бог и Таткото, во името на нашиот Господ Исус Христос!