Ефесјаните 4:30-32
Ефесјаните 4:30-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И не оскрбувајте Го Светиот Дух Божји со Кој сте запечатени за денот на откупувањето. Отстранете ја подалеку од вас секоја огорченост, јарост, гнев, викање и хулење заедно со секоја друга злоба. Бидете еден спрема друг добри и милосрдни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христос.
Ефесјаните 4:30-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Не ожалостувајте го Светиот Дух со своите постапки. Тој е вашиот гарант дека сте спасени и ве чува за денот на откупувањето. Ослободете се од сета горчина, гнев и лутина. Немојте да викате еден на друг и да се навредувате. Ослободете се од се што е зло. Бидете љубезни еден спрема друг и полни со милосрдие, простувајте си, како што и Бог ви прости преку Христос.
Ефесјаните 4:30-32 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И не жалостете Го Светиот Дух Божји, со Кој сте запечатени за денот на избавувањето! Секое огорчение, и јарост, и гнев, и викање и хулење, да бидат отстранети од вас, со секаква злоба. Бидете еден кон друг добри, милостиви, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости вам во Христа.