Ефесјаните 4:20-24
Ефесјаните 4:20-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Но вие што сте запознаени со учењето на Христос, не сте учени така да живеете. Слушнавте за Него и научивте дека вистината произлегува од Исус. Затоа, отфрлете ја вашата стара природа и поранешниот начин на живеење, таа стара природа, докрај расипана, полна со похот и измама. Сега сте духовно препородени, со нов начин на размислување. Однесувајте се како нови луѓе, создадени да бидете слични на Бог: праведни, свети и искрени.
Ефесјаните 4:20-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но вие не Го познавте така Христос, ако навистина сте чуле за Него и во Него сте биле поучувани – дека вистината е во Исус, тогаш отфрлете го од себе стариот човек според вашето поранешно живеење, кој се распаѓа во измамливите желби, за да се обновите со духот на својот ум и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во вистинска праведност и светост.
Ефесјаните 4:20-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А вие не Го познавте така Христа, ако сте чуле за Него и ако сте во Него поучени онака, како што е вистината во Исуса; во однос на својот поранешен живот, вие треба да го соблечете од себе стариот човек, кој тлее заради измамливите страсни желби, и да се обновувате во духот на својот ум, и да се облечете во новиот човек, кој е создаден според Бога во правдата и светоста на вистината.