Ефесјаните 4:15-16
Ефесјаните 4:15-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Треба да растеме, цврсто држејќи се до вистината, искажувајќи ја со љубов, доближувајќи се во секој поглед до Оној што е главата, до Христос. Тој го поврзува и обединува целото тело, за да функционира како сложна целина. Кога секој дел од телото си ја извршува својата функција, целото тело расте, самото себе се изградува и се исполнува со љубов.
Ефесјаните 4:15-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Туку со љубов држејќи се за вистината во секој поглед да растеме во Оној, Кој е глава, Христос. Со Него целото тело е составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поради силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.
Ефесјаните 4:15-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Туку, говорејќи ја вистината, во љубов, ние треба да растеме во сѐ - кон Него, Кој е Глава, Христос. Од Него целото Тело е поврзано и соединето во едно, на тој начин што секој дел дава поткрепа според една мерка на секој одделен дел; тоа прави Телото да расте за својата сопствена надградба во љубов.