Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 3:14-20

Ефесјаните 3:14-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Кога само ќе помислам на Божјата мудрост и на Неговиот план, на колена паѓам пред небесниот Татко, Создателот на секој род, и на небото и на Земјата. Го молам Бога, од Својата огромна слава, преку Неговиот дух, да ви даде внатрешна сила, за да бидете непоколебливи. Христос, преку вера, да се всели во вашите срца. Да пуштите корени и цврсто да се закрепите во Божјата љубов, за да бидете способни, заедно со сите побожни луѓе, да сфатите колку широка и долга, колку висока и длабока е Неговата љубов. Да ја искусите таа несфатливо голема љубов и така целосно да се исполните со сета полнота што доаѓа од Бог. А сега на Бог, Кој со Својата делотворна моќ може да направи за нас многу повеќе од она што можеме да го посакаме или замислиме