Ефесјаните 2:4-6
Ефесјаните 2:4-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Но Бог е толку полн со милост, толку е голема љубовта што ја чувствува спрема нас, така што уште додека бевме мртви, удавени во нашите гревови, Тој не врати во живот. Со тоа што го воскресна Христос, ни овозможи и нам да оживееме. Вашето спасение е резултат на Божјата благонаклоност, која никој од нас не ја заслужува. Значи, заедно со Исус Христос, Бог не воскресна и нас, и ни даде место на небото, веднаш до Исус, затоа што сме во единство со Него.
Ефесјаните 2:4-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но Бог, Кој е богат со милост, поради големата Негова љубов, со која нѐ засака, иако бевме мртви поради гревовите наши, нѐ оживеа во Христос и нѐ воскресна со Него и нѐ постави на небесата во Христос Исус
Ефесјаните 2:4-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но Бог, Кој е богат во милост - поради Својата голема љубов со која нѐ возљуби нас, нѐ оживе заедно со Христа и нас, кои бевме мртви поради нашите гревови, - по благодат сте спасени! - и со Него нѐ воскресна и со Него нѐ седна во небесните места, во Христа Исуса