Ефесјаните 2:3-7
Ефесјаните 2:3-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Сите ние порано живеевме така. Се раководевме од нашите телесни страсти, го правевме она што го сака нашата грешна природа, преку телото и умот. Со таквата наша природа ние бевме подложни на Божјиот гнев, како и другите луѓе. Но Бог е толку полн со милост, толку е голема љубовта што ја чувствува спрема нас, така што уште додека бевме мртви, удавени во нашите гревови, Тој не врати во живот. Со тоа што го воскресна Христос, ни овозможи и нам да оживееме. Вашето спасение е резултат на Божјата благонаклоност, која никој од нас не ја заслужува. Значи, заедно со Исус Христос, Бог не воскресна и нас, и ни даде место на небото, веднаш до Исус, затоа што сме во единство со Него. Тоа го стори за да бидеме пример во времињата што доаѓаат за Неговата огромна благонаклоност, што се покажа преку сето она што Тој го стори за нас, кои сме на страната на Исус Христос.
Ефесјаните 2:3-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
меѓу кои и ние сите некогаш живеевме според телесните желби, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите, и по природа бевме како и другите, чеда на гневот. Но Бог, Кој е богат со милост, поради големата Негова љубов, со која нѐ засака, иако бевме мртви поради гревовите наши, нѐ оживеа во Христос и нѐ воскресна со Него и нѐ постави на небесата во Христос Исус, за да им го покаже на идните векови преизобилното богатство на Својата благодат во добрина кон нас преку Христос Исус.
Ефесјаните 2:3-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Меѓу овие, и ние живеевме некогаш во своите телесни страсти, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите и бевме по природа чеда на гневот како и сите други. Но Бог, Кој е богат во милост - поради Својата голема љубов со која нѐ возљуби нас, нѐ оживе заедно со Христа и нас, кои бевме мртви поради нашите гревови, - по благодат сте спасени! - и со Него нѐ воскресна и со Него нѐ седна во небесните места, во Христа Исуса, та, во идните векови да го покаже преголемото богатство на Својата благодат, според Својата добрина кон нас во Христа Исуса.