Ефесјаните 2:1-3
Ефесјаните 2:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Порано и вие бевте мртви, вечно осудени од вашите престапи и гревови. Живеевте грешно, онака како што живее и останатиот свет. Му се покорувавте на Ѓаволот, на оној што владее со силите во воздухот, на духот што и сега владее во оние што не Му се покоруваат на Бог. Сите ние порано живеевме така. Се раководевме од нашите телесни страсти, го правевме она што го сака нашата грешна природа, преку телото и умот. Со таквата наша природа ние бевме подложни на Божјиот гнев, како и другите луѓе.
Ефесјаните 2:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови, во кои живеевте некогаш според животот на овој свет, согласно со кнезот на воздухот, односно на духот, кој сега дејствува во синовите на неверието, меѓу кои и ние сите некогаш живеевме според телесните желби, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите, и по природа бевме како и другите, чеда на гневот.
Ефесјаните 2:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови, во кои живеевте некогаш според векот на овој свет, според кнезот на воздушните сили - духот, кој дејствува сега меѓу синовите на непокорноста. Меѓу овие, и ние живеевме некогаш во своите телесни страсти, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите и бевме по природа чеда на гневот како и сите други.