Ефесјаните 1:7-9
Ефесјаните 1:7-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Христос ја пролеа сопствената крв за да не откупи. Сега гревовите ни се простени. Го стори тоа поради Својата неизмерна благонаклоност спрема нас, излевајќи ја врз нас заедно со сета мудрост и разбирање. Бог ни откри каква Му била намерата и ни го објасни тајниот план што веќе беше решил да го оствари преку Христос.
Ефесјаните 1:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
во Кого имаме откуп преку Неговата крв, простување на гревовите по богатството на Неговата благодат. Таа благодат Тој ни ја даде изобилно заедно со сета мудрост и разум, откако ни ја откри тајната на Својата волја според Своето благоволение што го беше положил во Себе од порано
Ефесјаните 1:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите, според богатството на Неговата благодат, која ја излеа изобилно на нас во секоја мудрост и разумност, - соопштувајќи ни ја тајната на Својата волја, според Своето благоволение, што го одреди во Него