Ефесјаните 1:3-6
Ефесјаните 1:3-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Благословен нека е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој не благослови со секаков вид духовни благослови од небесните простори, бидејќи Му припаѓаме на Христос. Поради Својата љубов спрема нас, уште пред светот да биде создаден, Бог не одбра да бидеме Негов народ, преку вера во Христос, и да бидеме свети и без пороци во Неговите очи. Неговиот план отсекогаш беше, преку Исус Христос, да не посвои, да не направи Негови деца. Тоа беше резултат на Неговата благонаклоност спрема нас. Го славиме Бога заради таа прекрасна благонаклоност што ја излеа врз нас, бидејќи Му припаѓаме на Неговиот сакан Син.
Ефесјаните 1:3-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови со секаков духовен благослов од небесата во Христос, така што и нѐ избра преку Него, уште пред светот да биде создаден, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта, предопределувајќи нѐ за посинување за Себе преку Исус Христос, зашто тоа Му беше по волја, за да биде фалена славата на Неговата благодат, со која нѐ дарува преку Својот Возљубен Син
Ефесјаните 1:3-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Да биде благословен Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови, во Христа, со секаков духовен благослов во небесните места; зашто нѐ избра во Него, пред создавањето на светот, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубов. Како што нѐ и определи однапред за да нѐ посини преку Исуса Христа, по благоволение на Својата волја, за да биде фалена славата на Неговата благодат, со која нѐ дарува во Возљубениот