Ефесјаните 1:17-19
Ефесјаните 1:17-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение за да Го познаете, и да ги просвети очите на срцата ваши за да увидите во што се состои надежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите, и колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме преку дејството на Неговата крепка сила.
Ефесјаните 1:17-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Го молам Бога, Славниот Татко на нашиот Господ Исус Христос, да ви даде духовна мудрост и да ви открие се за Себе, за да Го запознаете целосно. Се молам вашите срца да бидат просветлени, за да согледате каква прекрасна иднина им е ветена на повиканите, да разберете какво богато и величествено наследство има Бог за Својот свет народ, колку е огромна силата со која Тој работи за нас кои Му веруваме. Таа сила е истата онаа моќна сила
Ефесјаните 1:17-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Таткото на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение во вистинското познавање на Него: и да ги избистри очите на вашето срце, за да знаете каква е надежта на Неговото повикување, колкаво е богатството на Неговото славно наследство во светите, и колку е преголема Неговата сила кон нас, кои веруваме - според дејствувањето на Неговата моќна сила