Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 1:11-19

Ефесјаните 1:11-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Токму по заслуга на Христос и ние бевме избрани за наследници, однапред определени од Бог, Кој се прави онака како што Самиот Тој ќе реши. Ние ќе ја увеличиме Божјата слава, сите ние што навреме ја положивме својата надеж во Христос. И вие сте сега Божји народ. Ја слушнавте вистината, Радосната вест за тоа како можете да се спасите, и поверувавте во неа. Бог ве посвои, ставајќи го врз вас Својот печат со тоа што ви го даде Светиот Дух, токму онака како што ни беше ветено. Светиот Дух е гаранција дека навистина ќе го добиеме она што Бог му го вети на Својот народ: откупување, ослободување за тие што се Негови. Тоа е уште една причина да го славиме нашиот величествен Бог. Слушнав за вашата вера во Исус Христос и за љубовта што ја имате спрема сите христијани и во моите молитви постојано Му благодарам на Бог за вас. Го молам Бога, Славниот Татко на нашиот Господ Исус Христос, да ви даде духовна мудрост и да ви открие се за Себе, за да Го запознаете целосно. Се молам вашите срца да бидат просветлени, за да согледате каква прекрасна иднина им е ветена на повиканите, да разберете какво богато и величествено наследство има Бог за Својот свет народ, колку е огромна силата со која Тој работи за нас кои Му веруваме. Таа сила е истата онаа моќна сила

Ефесјаните 1:11-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Преку Него ние бевме избрани за наследници, однапред определени спо­ред одлуката на Оној Кој врши сѐ спо­ред волјата Своја, за да послужиме како пофалба на славата Негова ние, кои од порано се надевавме на Христос. Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината – Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ве­тениот Свети Дух. Тој е залог за нашето наследство, за откупување на посвојувањето за пофалба на Неговата слава. Ете, затоа и јас, кога слушнав за ва­шата вера во Христос Исус, и за љубовта кон сите светии, постојано Му благодарам на Бога, спомнувајќи ве во молитвите свои, та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение за да Го познаете, и да ги просвети очите на срцата ваши за да увидите во што се состои надежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите, и колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме пре­ку дејството на Неговата крепка сила.

Ефесјаните 1:11-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

во Кого и ние бевме избрани за наследници, зашто бевме определени однапред со одлуката на Оној, Кој прави сѐ по советот на Својата волја, за да бидеме за пофалба на Неговата слава, ние, кои веќе отпорано се надевавме во Христа. Во Него и вие, откако го чувте словото на вистината - Евангелието на вашето спасение - и откако и вие поверувавте, станавте запечатени со Светиот Дух на ветувањето. Кој е залог за нашето наследство, за откупување на оние кои станаа Божја сопственост - за пофалба на Неговата слава. Затоа и јас, откако чув за вашата вера во Господа Исуса и за вашата љубов кон сите свети, не прекратувам да заблагодарувам за вас, спомнувајќи ве во своите молитви, та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Таткото на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение во вистинското познавање на Него: и да ги избистри очите на вашето срце, за да знаете каква е надежта на Неговото повикување, колкаво е богатството на Неговото славно наследство во светите, и колку е преголема Неговата сила кон нас, кои веруваме - според дејствувањето на Неговата моќна сила