Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 3:1-11

Проповедник 3:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Сѐ има свое време, и секоја работа под небото има свое време; време кога ќе се родиш, и време кога ќе умреш; време кога садиш, и време кога го корнеш насаденото; време кога се убива, и време кога се лекува; време кога се урива, и време кога се гради; време кога се плаче, и време кога се смее; време кога се тагува, и време кога се игра; време кога се расфрлуваат камења, и време кога се собираат камења; време кога се прегрнуваш, и време кога се одбегнуваат прегратки; време кога се бара загубеното, и вре­ме кога се губи; време кога се чува, и време кога се растура; време кога се раскинува, и време ко­га се сошива; време кога се молчи, и време кога се зборува; време кога се сака, и време кога се мрази; време за војна и време за мир. Каква полза има оној што работи од она, над што се труди? Ги видов работите, што Бог им ги даде на синовите човечки, за да се ма­чат околу нив. Сето тоа Тој го направил да биде прекрасно во свое време. Ни дал и чув­ство за времето и просторот, но пак не може човекот да ги разбере докрај делата Божји што Тој ги врши од почетокот до крајот.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност