Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 2:18-26

Проповедник 2:18-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И го намразив сето она, за кое се бев трудел под сонцето, затоа што тре­ба да го оставам на човек, што ќе дојде по мене. И кој знае: мудар ли ќе биде тој или глупав? А тој ќе располага со сиот мој труд, со кој сум се трудел и со кој сум се покажал мудар на земјата. Но и тоа е суета! Намислив да му внушам на срцето свое да се откаже од сиот труд, со кој се бев трудел на земјата, зашто еден човек се труди мудро, со знаење и со успех, и сето тоа треба да му го предаде на човек, што не се трудел за тоа, – како да е негов дел. Па и тоа е суета и зло големо! Зашто, што му останува на чове­кот од сиот негов труд и од грижата на срцето негово, што се труди на земјата? Бидејќи сите денови му се мачни, а трудовите негови – неспокојство; дури и ноќе срцето негово не знае за мир. Ете, и тоа е суета! И не е ли добро за човекот да јаде, да пие и да ја насладува душата своја од својот труд. Но јас видов дека и тоа е од Божјата рака; зашто, кој може да јаде, и кој може да се насладува без Бога? Тој му дава мудрост, и разум и ра­дост на човекот, кој е добар пред лицето Негово; а на грешникот му дава грижи, – да собира и трупа, за да го предаде потоа на оној, кој е добар пред лицето Божјо! Па, ете, и тоа е суета и мака за духот!

Проповедник 2:18-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Замразив сѐ за што се трудев под сонцето и што сега му го оставам на својот наследник. Кој знае дали тој ќе биде мудар или луд? Па сепак тој ќе биде господар на сета моја мака во која ги вложив сето свое напрегање и мудроста под сонцето. И тоа е суета. И почнав да очајувам заради големиот напор со кој се трудев под сонцето. Зашто човекот се труди мудро и со знаење и успешно, па сѐ тоа треба да го остави во наследство на друг, кој воопшто не се трудел околу тоа. И тоа е суета и големо зло. Зашто што добива човекот за својот напор и труд што ги поднесува под сонцето? Зашто сите негови денови се макотрпни, работите му се полни со грижи; па ни ноќе не мирува неговото срце. И тоа е суета. Нема друга среќа за човекот освен да јаде и да пие и да биде задоволен со својата работа. И тоа е, гледам, дар на Божјата рака. Зашто кој може да јаде, кој може да се насладува, повеќе од мене. Тој му дарува мудрост, сознавање, радост на оној што Му е по волјата, а на грешникот му дава мака да собира и да натрупува за оној кој е по Божја волја. И тоа е суета и тежина на духот.