Проповедник 12:8-14
Проповедник 12:8-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Суета над суетите, вели проповедникот, сѐ е суета! Проповедникот не само што беше мудар, туку и го учеше народот на мудрост. Тој сѐ испитуваше, изучуваше и остави многу мудри изреки. Проповедникот се трудеше да најде убави мисли и точно ги запиша зборовите на вистината. Зборовите на мудреците се како остени; како забиени клинци се нивните зборови, дадени од единствениот Пастир. А освен сето тоа, синко, пази се и од ова: да пишуваш многу книги – тоа нема крај, а да читаш многу – и тоа е заморно за телото. А суштината на сѐ е: имај страв од Бога и пази ги Неговите заповеди, зашто тоа му е сета должност на човекот; зашто Бог ќе ја изведе на суд секоја работа, и што е тајно, било да е добро или лошо.
Проповедник 12:8-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
„Суета над суетите,“ вели Проповедникот, „сѐ е суета.“ А освен тоа, зашто самиот Проповедник беше мудар, тој и народот го учеше на мудрост, па измери, проучи и состави многу мудри изреки. Воедно Проповедникот се трудеше да најде прикладни зборови и да ја изрази направо вистината. Беседите на мудрите луѓе се како остени и како закачени колци: пастирот се служи со нив за доброто на своето стадо. И на крај, сине мој, знај дека е потребно неизмерливо многу труд за да се напише книга, и дека многу учење го уморува телото. Да го чуеме завршниот збор за сѐ: „Бој се од Бога, исполнувај ги Неговите заповеди, зашто во тоа е сѐ за човекот.“ Зашто сите скриени дела, било добри или зли, Бог ќе ги изведе на суд.