Повторени закони 8:2-5
Повторени закони 8:2-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И помни го целиот пат, по кој те водеше Господ, твојот Бог, по пустината еве веќе четириесет години, за да те искуша и да дознае што е во срцето твое, дали ги почитуваш заповедите Негови, или, пак, не. Тој те смируваше, те мачеше со глад и те хранеше со мана, што ти не ја знаеше, а не ја знаеја ни твоите предци, за да ти покаже дека човекот не живее само од леб, туку од секој збор што излегува од устата Господова; облеката твоја не изветве на тебе, и ногата твоја не отече, еве веќе четириесет години. И знај во срцето свое дека Господ, твојот Бог, те поучува како што таткото го поучува синот свој.
Повторени закони 8:2-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Спомнувај си за целиот пат по кој Господ, твојот Бог, те водеше низ пустината во овие четириесет години за да те смири, за да те испита и за да дознае што ти е во срцето: дали сакаш да ги држиш неговите заповеди или не сакаш. Те смируваше и те мореше со глад, а потоа те хранеше со мана, за која не знаевте ни ти ниту твоите татковци, за да ти покаже дека човекот не живее само од лебот, туку дека човекот живее од сѐ што излегува од Господовата уста. Твојата облека на тебе не се искина ниту нозете ти отечуваа во овие четириесет години. Тогаш признај во своето срце дека Господ, твојот Бог, те воспитува и те поправува како што човекот го воспитува својот син.