Даниел 5:11-12
Даниел 5:11-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во царството твое има човек, во кого е духот на Светиот Бог; во деновите на твојот татко се најде во него светлина, разум и мудрост како мудроста на боговите и царот Навуходоносор, твојот татко, го постави како управник над јасновидците, волшебниците и гледачите, бидејќи во него, во Даниел, кому царот му го промени името во Валтазар, се најде висок дух, знаење и разум способен да толкува соништа, да толкува загадочни работи и да разјаснува тајни. Затоа нека го повикаат Даниел, и тој ќе го објасни значењето.“
Даниел 5:11-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во твоето царство има човек во кого е Духот на Светиот Бог. Уште во времето на твојот татко се најде во него светлина, разум и мудрост слична на мудроста на боговите. И затоа царот Навуходоносор, твојот татко, го назначи за старешина на волшебниците, гаталците, ѕвездарите и мудреците. Бидејќи во тој Даниел - кого царот го нарече Валтазар - се најде вонреден дух, знаење, бистрина, вештина да ги толкува соништата, да ги решава гатанките и да ги разрешува тешкотиите, затоа повикај го Даниела, и тој ќе ти го каже значењето.“