Даниел 3:26-27
Даниел 3:26-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Навуходоносор се приближи до отворот на распалената печка со оган и рече: „Седраху, Мисаху и Авденаго, слуги на севишниот Бог, излезете и дојдете.“ Тогаш Седрах, Мисах и Авденаго излегоа од огнот, и штом се собраа локалните управители, намесниците, воените началници и советниците на царот, видоа дека огнот немал никаква сила врз телата на тие луѓе, дури и косата на главата не им беше опржена, а и облеките нивни не им беа изгорени, па дури и мирис на изгорено немаше на нив.
Даниел 3:26-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Навуходоносор и пријде на вратата на вжарената печка и викна: „Седрах, Мисах и Авденаго, слуги на Сѐвишниот Бог, излезете и дојдете ваму!“ Тогаш Седрах, Мисах и Авденаго излегоа од огнот. Сатрапите, старешините, управителите и царевите советници се собраа за да ги видат тие луѓе: огнот не им наштети на нивните тела, косата на главата им беше неопрлена, наметките неоштетени, никаков непријатен мирис од огнот не се фати за нив.