Колосјаните 4:2-6
Колосјаните 4:2-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Посветете се на молитва, будно и со благодарност. Молете се и за нас, Бог да ни отвори патишта, па Неговата порака да се шири и да се објаснува тајната за Христос. Токму заради тоа сега јас сум в затвор. Молете се пораката да ја објаснувам разбирливо, онака како што треба. Однесувајте се мудро спрема оние што не се христијани и користете ја секоја можност. Зборувајте љубезно, умесно и концизно; давајте му умешен одговор на секој што ќе ви постави прашање.
Колосјаните 4:2-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бидете постојани во молитвата, бидете бодри во неа со благодарност! Молете се исто така и за нас, за да ни ја отвори Бог вратата на проповедта да ја разгласуваме Христовата тајна, поради која сум и во окови, та да ја откријам, како што треба да зборувам! Спрема надворешните однесувајте се благоразумно, ползувајќи го времето! Зборот ваш секогаш да биде благодатен, зачинет со сол, за да знаете како треба на секого да му одговарате!
Колосјаните 4:2-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Бидете постојани во молитвата, бдејте во неа со благодарност! Молете се уште и за нас, за да ни ја отвори Бог вратата на словото и за да ја навестиме тајната на Христа, заради која сум и во окови - и да ја откријам онака, како што треба да зборувам. Постапувајте мудро кон оние, надворешните, ползувајќи го времето. Вашето слово секогаш да е љубезно, зачинето со сол, за да знаете како треба да му одговорите секому.