Колосјаните 3:9-14
Колосјаните 3:9-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Немојте да лажете. Вие веќе ја соблековте и ја отфрливте вашата стара природа, со нејзините навики, па наместо неа облековте нова природа, која постојано се обновува, колку што подобро Го запознавате Христос, Кој ја создаде новата природа во вас. Не е важно дали сте Грци или Евреи, дали сте обрежани или не, дали сте варвари или Скити, дали сте робови или слободни. Се што е важно е Христос да живее во сите нас! Бог ве сака и ве одбра да бидете Негов свет народ. Затоа, сочувствувајте со луѓето, бидете љубезни спрема нив, бидете скромни, кротки и трпеливи. Толерирајте се, простувајте си кога некој ќе ви згреши. Простувајте си исто како што Господ вам милостиво ви прости. А најважно од се е да бидете исполнети со љубов, зашто меѓусебната љубов сврзува во совршена заедница.
Колосјаните 3:9-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Не лажете се еден со друг, зашто веќе го соблековте стариот човек заедно со неговите дела, и се облековте во новиот, кој се обновува во познанието, според образот на својот Создател. Тука нема повеќе ни Елини, ни Јудејци, ни обрезани, ни необрезани, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а сѐ и во сѐ е Христос. И така, како избраници Божји, свети и возљубени, облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост; трпете се еден со друг и проштавајте си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете! А над сето тоа облечете се во љубов, која сѐ сврзува во совршенството
Колосјаните 3:9-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Не лажете се еден друг, зашто го соблековте стариот човек со неговите дела и облековте нов, кој се обновува во полно познавање по образот на Оној, Кој го создал, каде нема веќе Грк ни Јудеец, обрезание и необрезание, варварин, Скит, роб, слободен, туку Христос е сѐ и во сѐ. И така, облечете се како Божји избраници, свети и возљубени, во милосрдно срце, благост, смиреност, кротост трпеливост! Трпете се еден со друг и проштавајте си еден на друг, ако некој има поплака против некого, како што и Господ ви прости вам, така проштавајте и вие! А над сето тоа облечете се во љубов, која сврзува сѐ во совршенство!