Колосјаните 3:18-21
Колосјаните 3:18-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Жени, покорувајте им се на вашите сопрузи, како што им прилега на Господови следбенички. Мажи, сакајте си ги вашите сопруги. Не однесувајте се грубо спрема нив. Деца, бидете им во се послушни на вашите родители. Тоа Му причинува задоволство на Господ. Татковци, немојте да постапувате сурово спрема своите деца, за да не им ја уништите волјата.
Колосјаните 3:18-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како што прилега во името на Господ! Вие, мажите, сакајте ги жените свои и не огорчувајте ги! Деца, на родителите свои бидете им послушни во сѐ, зашто тоа Му е благоугодно на Господ! Татковци, не дразнете ги децата свои, за да не паѓаат со духот!
Колосјаните 3:18-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Жени, покорувајте им се на своите мажи, како што прилега во Господа! Мажи, љубете ги своите жени и не бидете груби кон нив. Деца, слушајте ги вашите родители во сѐ, зашто тоа Му е угодно на Господа! Татковци, не ги дразнете своите деца, за да не станат малодушни!