Колосјаните 3:14-16
Колосјаните 3:14-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А над сето тоа облечете се во љубов, која сѐ сврзува во совршенството, и мир Божји да владее во срцата ваши, за што сте повикани во едно тело, и бидете благодарни! Словото Христово изобилно нека се всели во вас; во секоја мудрост да се учите и да се советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни, пеејќи Му на Господ со благодарност во срцата ваши!
Колосјаните 3:14-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А најважно од се е да бидете исполнети со љубов, зашто меѓусебната љубов сврзува во совршена заедница. Секој од вас е дел од Христовото тело. Треба да бидете сложни и благодарни. Дозволете мирот што доаѓа од Христос да ги води вашите срца. Зборовите на Христос, во сето нивно богатство, нека го исполнуваат вашиот живот. Користете ја сета мудрост што ја имате за да се поучувате и советувате еден со друг. Пејте Му на Бог псалми, химни и духовни песни, пејте Му со благодарност и од се срце.
Колосјаните 3:14-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А над сето тоа облечете се во љубов, која сврзува сѐ во совршенство! И Христовиот мир да владее во вашите срца, за кого сте и повикани во едно тело; и бидете благодарни! Христовото слово да живее изобилно во вас; во секоја мудрост учете се и опоменувајте се еден друг со псалми, химни, духовни песни, пеејќи Му на Господа со благодат во вашите срца.