Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 3:12-17

Колосјаните 3:12-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Бог ве сака и ве одбра да бидете Негов свет народ. Затоа, сочувствувајте со луѓето, бидете љубезни спрема нив, бидете скромни, кротки и трпеливи. Толерирајте се, простувајте си кога некој ќе ви згреши. Простувајте си исто како што Господ вам милостиво ви прости. А најважно од се е да бидете исполнети со љубов, зашто меѓусебната љубов сврзува во совршена заедница. Секој од вас е дел од Христовото тело. Треба да бидете сложни и благодарни. Дозволете мирот што доаѓа од Христос да ги води вашите срца. Зборовите на Христос, во сето нивно богатство, нека го исполнуваат вашиот живот. Користете ја сета мудрост што ја имате за да се поучувате и советувате еден со друг. Пејте Му на Бог псалми, химни и духовни песни, пејте Му со благодарност и од се срце. Се што ќе кажете или ќе направите, правете го како претставници на Господ Исус, оддавајќи Му преку Него благодарност на Бог Таткото.

Колосјаните 3:12-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И така, како избраници Божји, све­ти и возљубени, облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост; трпете се еден со друг и проштавај­те си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете! А над сето тоа облечете се во љу­бов, која сѐ сврзува во совршенството, и мир Божји да владее во срцата ваши, за што сте повикани во едно тело, и бидете благодарни! Словото Христово изобилно нека се всели во вас; во секоја мудрост да се учите и да се советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни, пе­ејќи Му на Господ со благодарност во срцата ваши! И сѐ што правите со збор или со де­ло, правете го во името на Господ Исус Христос, благодарејќи Му преку Него на Бога и Отецот!