Колосјаните 3:12-15
Колосјаните 3:12-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Бог ве сака и ве одбра да бидете Негов свет народ. Затоа, сочувствувајте со луѓето, бидете љубезни спрема нив, бидете скромни, кротки и трпеливи. Толерирајте се, простувајте си кога некој ќе ви згреши. Простувајте си исто како што Господ вам милостиво ви прости. А најважно од се е да бидете исполнети со љубов, зашто меѓусебната љубов сврзува во совршена заедница. Секој од вас е дел од Христовото тело. Треба да бидете сложни и благодарни. Дозволете мирот што доаѓа од Христос да ги води вашите срца.
Колосјаните 3:12-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И така, како избраници Божји, свети и возљубени, облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост; трпете се еден со друг и проштавајте си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете! А над сето тоа облечете се во љубов, која сѐ сврзува во совршенството, и мир Божји да владее во срцата ваши, за што сте повикани во едно тело, и бидете благодарни!
Колосјаните 3:12-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така, облечете се како Божји избраници, свети и возљубени, во милосрдно срце, благост, смиреност, кротост трпеливост! Трпете се еден со друг и проштавајте си еден на друг, ако некој има поплака против некого, како што и Господ ви прости вам, така проштавајте и вие! А над сето тоа облечете се во љубов, која сврзува сѐ во совршенство! И Христовиот мир да владее во вашите срца, за кого сте и повикани во едно тело; и бидете благодарни!