Колосјаните 3:1-6
Колосјаните 3:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Вие сте воскреснати за да живеете со Христос. Затоа стремете се кон она што е на небото, каде што Христос владее, седнат од Божјата десна страна. Размислувајте за она што е на небото, а не за она што е на Земјата. Вие умревте кога умре Христос, а тоа значи дека вашиот вистински живот е скриен во Христос, кај Бог. А кога ќе се појави Христос, Кој е вашиот вистински живот, тогаш и вие ќе се појавите, закитени со Неговата слава. Затоа, не дозволувајте вашето тело да управува со вас! Умртвете го во вас она што е развратно, гнасно, похотно, зло и алчно. И алчноста е еден вид на идолопоклонство! Ваквите постапки го предизвикуваат Божјиот гнев.
Колосјаните 3:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И така, ако сте воскреснале заедно со Христос, барајте го она што е горе, каде што Христос седи оддесно на Бога; мислете за небесното, а не за земното. Зашто вие умревте, и вашиот живот е сокриен со Христос во Бога. А кога ќе се јави Христос, вашиот живот, тогаш и вие ќе се јавите со Него во слава. Затоа умртвете ги органите од земната природа во вас, односно блудството, нечистотата, сласта, лошата желба, лакомството, кое е идолопоклонство! Поради тие пороци доаѓа гневот Божји врз синовите на непослушноста
Колосјаните 3:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така, ако воскреснавте со Христа, барајте го она што е горе - каде што Христос седи оддесно на Бога. Мислете за она што е горе, не за она што е на земјата, зашто вие умревте и вашиот живот е сокриен со Христа во Бога! А кога ќе се јави Христос, нашиот живот, тогаш и вие ќе се јавите со Него во слава. И така, умртвете ги своите членови што се на земјата: блудството, нечистотата, страста, лошата желба и лакомството, што е идолопоклонство, заради кои доаѓа Божјиот гнев на непослушните синови.