Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 3:1-10

Колосјаните 3:1-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Вие сте воскреснати за да живеете со Христос. Затоа стремете се кон она што е на небото, каде што Христос владее, седнат од Божјата десна страна. Размислувајте за она што е на небото, а не за она што е на Земјата. Вие умревте кога умре Христос, а тоа значи дека вашиот вистински живот е скриен во Христос, кај Бог. А кога ќе се појави Христос, Кој е вашиот вистински живот, тогаш и вие ќе се појавите, закитени со Неговата слава. Затоа, не дозволувајте вашето тело да управува со вас! Умртвете го во вас она што е развратно, гнасно, похотно, зло и алчно. И алчноста е еден вид на идолопоклонство! Ваквите постапки го предизвикуваат Божјиот гнев. Така постапувавте и вие кога вашиот живот беше неуреден. Сега треба да престанете со гнев, омраза и злоба. Престанете да навредувате и да се служите со непристојни зборови. Немојте да лажете. Вие веќе ја соблековте и ја отфрливте вашата стара природа, со нејзините навики, па наместо неа облековте нова природа, која постојано се обновува, колку што подобро Го запознавате Христос, Кој ја создаде новата природа во вас.

Колосјаните 3:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И така, ако сте воскреснале заедно со Христос, барајте го она што е горе, каде што Христос седи оддесно на Бога; мислете за небесното, а не за земното. Зашто вие умревте, и вашиот живот е сокриен со Христос во Бога. А кога ќе се јави Христос, вашиот живот, тогаш и вие ќе се јавите со Него во слава. Затоа умртвете ги органите од земната природа во вас, односно блудството, нечистотата, сласта, лошата желба, лакомството, кое е идолопоклонство! Поради тие пороци доаѓа гневот Божји врз синовите на непослушноста, меѓу кои некогаш се движевте и вие, кога живеевте во тие пороци. А сега и вие отфрлете сѐ од себе: гневот, лутината, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста! Не лажете се еден со друг, зашто ве­ќе го соблековте стариот човек заедно со неговите дела, и се облековте во новиот, кој се об­новува во познанието, според образот на својот Создател.

Колосјаните 3:1-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И така, ако воскреснавте со Христа, барајте го она што е горе - каде што Христос седи оддесно на Бога. Мислете за она што е горе, не за она што е на земјата, зашто вие умревте и вашиот живот е сокриен со Христа во Бога! А кога ќе се јави Христос, нашиот живот, тогаш и вие ќе се јавите со Него во слава. И така, умртвете ги своите членови што се на земјата: блудството, нечистотата, страста, лошата желба и лакомството, што е идолопоклонство, заради кои доаѓа Божјиот гнев на непослушните синови. Меѓу кои и вие некогаш одевте, кога живеевте во нив. Но сега, отфрлете го и вие сѐ ова: гневот, јароста, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста. Не лажете се еден друг, зашто го соблековте стариот човек со неговите дела и облековте нов, кој се обновува во полно познавање по образот на Оној, Кој го создал