Колосјаните 2:8-12
Колосјаните 2:8-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Не дозволувајте никој да ве заведува со бесмислено филозофирање и со празни лаги, кои произлегуваат од чисто човечки обичаи, од овоземните принципи, а не од Христос, зашто Бог во целост е присутен во Христос во облик на човечко тело, па и вие сте целосни личности, преку сојуз со Него. Тој е Господар над сите сили и власти. Преку духовно обрежување, Христос ја отстрани од вас вашата грешна природа, исто како што при телесното обрежување се отстранува едно делче од телото. Кога се крстивте, вие всушност се погребавте со Христос, а потоа воскреснавте, бидејќи верувавте во Божјата сила што Го воскресна Христос од мртвите.
Колосјаните 2:8-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Браќа, пазете некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама што се потпира на човечкото предание, на стихиите на светот, а не по Христос; зашто во Него телесно живее сета полнота на Божеството, и вие да бидете исполнети во Него, Кој е глава на секое началство и власт; во Него сте и обрезани преку неракотворено обрезание, откако го соблековте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово; откако се погребавте со Него во крштавањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.
Колосјаните 2:8-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Пазете да не ве зароби некој со философија и со суетна измама по човечко предание, според стихиите на светот, а не според Христа. Зашто во Него живее сета полнота на Божеството, и вие сте исполнети во Него, Кој е Глава на секое началство и власт. Во Него сте и обрезани со неракотворно обрезание, со соблекување на гревовното тело, по обрезанието на Христа: откако бевте погребани со Него во крштение, во кое и воскреснавте со Него преку верата во дејството на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.