Колосјаните 2:14-15
Колосјаните 2:14-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
извршувајќи го ракописаниот закон, кој со своите прописи стана наш непријател, кого Тој го зеде од средината и го прикова на крстот; и, откако ја зграби силата од началствата и властите, Тој ги изложи јавно на позор и славејќи ја во Себе победата над нив.
Колосјаните 2:14-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Бог ја избриша обврзницата со нашите долгови, според чии одредби ние бевме должници. Тој ја зеде и ја уништи, приковувајќи ја на Христовиот крст. Така Бог ги разоружа сите зли владетели и власти, и јавно ги посрамоти, поразувајќи ги со Христовата жртва на крстот.
Колосјаните 2:14-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
на тој начин што го избриша дејството, кое со своите одредби беше против нас; го отстрани од среде нас, приковувајќи го на крст; и ги разоружа началствата и властите и јавно ги изложи, победувајќи над нив во тоа.