Колосјаните 1:28-29
Колосјаните 1:28-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Него ние го проповедаме, вразумувајќи ги сите луѓе и учејќи ги со сета мудрост, за да го претставуваме секој човек совршен во Христос; затоа се трудам и се борам. Зашто Неговата сила со голема моќ дејствува во мене.
Колосјаните 1:28-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ние токму за Христос проповедаме и ја употребуваме сета наша мудрост, за да ги предупредиме и поучиме сите луѓе, па сите да станат зрели Христови следбеници. Затоа јас толку напорно работам, користејќи ја силата што Тој ми ја дава.
Колосјаните 1:28-29 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ние Го проповедаме Него, опоменувајќи го секој човек и учејќи го секој човек во сета мудрост, за да го претставиме секој човек совршен во Христа Исуса. Затоа се трудам и се борам сообразно на Неговата делотворна сила, која дејствува силно во мене.