Колосјаните 1:15-17
Колосјаните 1:15-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Христос е видлива слика на невидливиот Бог. Тој постоеше уште кога Бог ништо не беше создал. Преку Христос Бог ги создаде сите нешта и на небото и на Земјата: тоа што се гледа и тоа што не се гледа, сите престоли и власти, сите владетели и властодршци, се беше создадено преку Него и за Него. Тој постои пред се и ги одржува сите нешта.
Колосјаните 1:15-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тој е слика на невидливиот Бог, првороден пред секое создание; бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е преку Него и за Него создадено. Тој е пред сѐ, и сѐ во Него стои.
Колосјаните 1:15-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тој е образ на невидливиот Бог, Првороден на секое создание, зашто во Него е создадено сѐ што е во небесата и на земјата; видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти; сѐ е создадено преку Него и за Него. И Тој е пред сѐ и сѐ во Него има свое сплотување.