Колосјаните 1:11-14
Колосјаните 1:11-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Се молиме да добивате сила од Божјата огромна и величествена моќ, за да можете со радост да истрпите и издржите се што ќе ве снајде и да Му оддавате благодарност на небесниот Татко, Кој ви овозможи и вие, заедно со Божјиот свет народ, да добиете дел од наследството во Царството на светлината. Тој не извлече од власта на царството на темнината и не пренесе во Царството на Неговиот сакан Син, Кој ни ја откупи слободата и ни ги прости гревовите. Христос е над се
Колосјаните 1:11-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
укрепувајќи се со секаква сила преку Неговата славна моќ за секаква трпеливост и великодушност со радост, благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината, нѐ избави од власта на темнината и нѐ воведе во царството на Својот возљубен Син, во Кого имаме откуп; и простување на гревовите.
Колосјаните 1:11-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
зајакнувајќи со секаква сила, сообразно со силата на Неговата слава, за секаква непоколебливост и трпение; со радост да Му благодарите на Бога, Кој нѐ оспособи за учество во наследството на светите во светлината. Тој нѐ избави од власта на темнината и нѐ пресели во Царството на Својот возљубен Син, во Кого имаме откуп, преку Неговата крв; простување на гревовите.