Колосјаните 1:10-12
Колосјаните 1:10-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Така ќе можете да живеете за Господ онака како што прилега и во секој поглед да Му бидете по волја. Секоја добра работа за која ќе се зафатите ќе носи плод и се подобро ќе Го запознавате Бог. Се молиме да добивате сила од Божјата огромна и величествена моќ, за да можете со радост да истрпите и издржите се што ќе ве снајде и да Му оддавате благодарност на небесниот Татко, Кој ви овозможи и вие, заедно со Божјиот свет народ, да добиете дел од наследството во Царството на светлината.
Колосјаните 1:10-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во сѐ, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познанието на Бога, укрепувајќи се со секаква сила преку Неговата славна моќ за секаква трпеливост и великодушност со радост, благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината
Колосјаните 1:10-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
така што да одите достојно за Господа и да Му бидете угодни во сѐ; за да бидете плодоносни во секое добро дело и за да растете во познавањето на Бога; зајакнувајќи со секаква сила, сообразно со силата на Неговата слава, за секаква непоколебливост и трпение; со радост да Му благодарите на Бога, Кој нѐ оспособи за учество во наследството на светите во светлината.