Дела 8:38-40
Дела 8:38-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш евнухот нареди колата да застане, па двајцата слегоа во водата и Филип го крсти. Кога излегоа од водата, Духот Господов го грабна Филипа и евнухот веќе не го виде. Потоа радосен си го продолжи патот. А Филип се појави во градот Азот. Минувајќи низ тие предели, ја проповедаше Радосната вест низ сите градови, се додека не стигна до Цезареја.
Дела 8:38-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И заповеда колата да запре, па слегоа во водата обајцата, и Филип и евнухот, и го крсти. А кога излегоа од водата, Духот Свети се симна над евнухот, а Филип беше грабнат од ангел Господов, па евнухот веќе не го виде. Тој радосно го продолжи својот пат. Филип се најде во Азот, од каде што тргна во обиколка, проповедајќи го Евангелието по сите градови, додека не стигна во Кесарија.
Дела 8:38-40 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И заповеда да застане колата, и двајцата - Филип и Етиопјанецот - слегоа во водата. И го крсти. А кога излегоа од водата, Господовиот Дух го зеде Филипа, и Етиопјанецот веќе не го виде. Но продолжи радосно по својот пат. А Филип се најде во Азот, а потоа, поминувајќи го проповедаше Евангелието, по сите градови додека не дојде во Ќесарија.