Дела 8:35-37
Дела 8:35-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш Филип, почнувајќи од тоа место во Светото Писмо, му проповедаше за Исус. Патувајќи така, дојдоа до една вода и евнухот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам!?“ (Филип рече: ,Ако веруваш со сето свое срце, можеш.‘ Евнухот одговори: ,Верувам дека Исус Христос е Божји Син.‘)
Дела 8:35-37 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А тогаш, Филип ја отвори устата своја, започнувајќи да му објаснува од тоа место во Писмото и да му благовести за Исус. И одејќи така патем, тие стигнаа до една вода; и Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?“ (А Филип му рече: „Ако веруваш од сѐ срце – можеш.“ Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Син Божји.“)
Дела 8:35-37 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Филип ја отвори устата и почнувајќи од тоа Писмо, му проповедаше за Исуса. А кога патувајќи дојдоа до некоја вода, Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?“ А Филип рече: „Ако веруваш од сѐ срце - можеш.“ Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Божји Син.“