Дела 8:29-31
Дела 8:29-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Светиот Дух му рече на Филип: „Приближи се до колата и придружи му се на Етиопјанецот.“ Филип го стаса и кога слушна како го чита пророкот Исаија, го праша: „Го разбираш ли ова што го читаш?“ „Како би можел да го разберам, ако некој не ми го објасни?“ - одговори Етиопјанецот, па го покани да седне до него.
Дела 8:29-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Духот, пак, му рече на Филип: „Приближи се и застани до колата!“ Филип побрза, и, откако чу дека тој го чита пророк Исаија, му рече: „Го разбираш ли тоа што го читаш?“ Овој одговори: „Како ќе можам да го разберам, ако некој не ме упати?“ Па го замоли Филип да се качи и да седне до него.
Дела 8:29-31 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Духот му рече на Филипа: „Приближи се и придружувај ја колата!“ Кога Филип притрча и чу дека оној го чита пророкот Исаија, и рече: „Го разбираш ли тоа, што го читаш?“ Тој пак рече: „Како би можел да разберам, ако некој не ме упати!“ И го повика Филипа да се качи и да седне со него.