Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 8:26-39

Дела 8:26-39 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Потоа ангел Господов му рече на Филип: „Стани и оди на југ, по пустинскиот пат што се спушта од Ерусалим кон Газа!“ Филип веднаш замина. По пат сретна еден Етиопјанец, евнух, виден службеник кој раководел со целата ризница во дворецот на етиопската царица Кандакија. Тој бил на поклонение во Ерусалим, па сега се враќаше во Етиопија. Седеше во својата кола и ја читаше книгата на пророкот Исаија. Светиот Дух му рече на Филип: „Приближи се до колата и придружи му се на Етиопјанецот.“ Филип го стаса и кога слушна како го чита пророкот Исаија, го праша: „Го разбираш ли ова што го читаш?“ „Како би можел да го разберам, ако некој не ми го објасни?“ - одговори Етиопјанецот, па го покани да седне до него. Тој го читаше следниов дел од Светото Писмо: “Беше одведен како овца на клање, молчеше како јагне на стрижење. Уста не отвори, иако беше понижен и лишен од правда, кога му судеа. Кој ќе ја сфати неговата генерација која го лиши од живот на овој свет!?“ Потоа евнухот го праша Филипа: „За кого го кажува ова пророкот: за себе или за некоја друга личност?“ Тогаш Филип, почнувајќи од тоа место во Светото Писмо, му проповедаше за Исус. Патувајќи така, дојдоа до една вода и евнухот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам!?“ (Филип рече: ,Ако веруваш со сето свое срце, можеш.‘ Евнухот одговори: ,Верувам дека Исус Христос е Божји Син.‘) Тогаш евнухот нареди колата да застане, па двајцата слегоа во водата и Филип го крсти. Кога излегоа од водата, Духот Господов го грабна Филипа и евнухот веќе не го виде. Потоа радосен си го продолжи патот.

Дела 8:26-39 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А на Филип му рече ангел Гос­по­дов: „Стани и тргни на југ, по патот што води од Ерусалим за Газа, кој е пуст.“ Тој стана и тргна; и ете, еден човек од Етиопија, евнух, висок достоинстве­ник на Кандакија, етиопската царица, кој беше чувар на сите нејзини ризници. Тој дошол во Ерусалим на поклонение, а сега се враќаше и, седејќи в кола, го читаше пророкот Исаија. Духот, пак, му рече на Филип: „Приближи се и застани до колата!“ Филип побрза, и, откако чу дека тој го чита пророк Исаија, му рече: „Го разбираш ли тоа што го читаш?“ Овој одговори: „Како ќе можам да го разберам, ако некој не ме упати?“ Па го замоли Филип да се качи и да седне до него. А местото од Писмото што го читаше, беше ова: „Како овца на клање беше одведен, и како што јагнето стои безгласно пред својот стригач, така и Тој устата Своја не ја отвори. Во неговата понизност Тој беше ли­шен од праведен суд. А поколението Негово кој ќе го искаже? Зашто животот Негов се одзема од земјата.“ Тогаш Етиопјанецот проговори и му рече на Филип: „Те молам, за кого ова го зборува пророкот, за себе или за некој друг?“ А тогаш, Филип ја отвори устата своја, започнувајќи да му објаснува од тоа место во Писмото и да му бла­го­вес­ти за Исус. И одејќи така патем, тие стигнаа до една вода; и Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?“ (А Филип му рече: „Ако веруваш од сѐ срце – можеш.“ Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Син Божји.“) И заповеда колата да запре, па слегоа во водата обајцата, и Филип и ев­ну­хот, и го крсти. А кога излегоа од водата, Духот Свети се симна над евнухот, а Филип беше грабнат од ангел Господов, па ев­нухот веќе не го виде. Тој радосно го продолжи својот пат.

Дела 8:26-39 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И Господов ангел му рече на Филипа: „Стани и оди кон југ, по патот што се спушта од Ерусалим кон Газа, и тој е пуст. Тој стана и отиде. И ете, маж Етиопец - скопеник, дворјанин на етиопската царица Кандакија, кој беше одговорен над целата ѝ ризница, а беше дошол во Ерусалим да се поклони, и на враќање, седеше во својата кола и го читаше пророкот Исаија. А Духот му рече на Филипа: „Приближи се и придружувај ја колата!“ Кога Филип притрча и чу дека оној го чита пророкот Исаија, и рече: „Го разбираш ли тоа, што го читаш?“ Тој пак рече: „Како би можел да разберам, ако некој не ме упати!“ И го повика Филипа да се качи и да седне со него. А местото од Писмото, што го читаше, беше ова: „Беше одведен како овца на колење; и како што јагнето е немо пред оној, кој го стриже, така не ја отвори Својата уста. Во Неговото понижување Му беше укинат судот. Кој ќе го изброи Неговото поколение? зашто Неговиот живот се зема од земјата.“ Тогаш Етиопјанецот во одговор му рече на Филипа: „Те молам, за кого го вели ова пророкот? За себе или за некој друг?“ А Филип ја отвори устата и почнувајќи од тоа Писмо, му проповедаше за Исуса. А кога патувајќи дојдоа до некоја вода, Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?“ А Филип рече: „Ако веруваш од сѐ срце - можеш.“ Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Божји Син.“ И заповеда да застане колата, и двајцата - Филип и Етиопјанецот - слегоа во водата. И го крсти. А кога излегоа од водата, Господовиот Дух го зеде Филипа, и Етиопјанецот веќе не го виде. Но продолжи радосно по својот пат.