Дела 4:32-35
Дела 4:32-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А народот, што поверува, имаше едно срце и една душа: и никој ништо од својот имот не го нарекуваше свое, туку сѐ им беше заедничко. Апостолите, пак, со голема сила сведочеа за воскресението на Господ Исус Христос; и имаше голема благодат над сите нив. Не постоеше ниеден меѓу нив што имаше потреба за нешто, бидејќи оние што имаа ниви и куќи, ги продаваа и парите земени за нив ги донесуваа и ги оставаа пред нозете на апостолите: и секому му се даваше според неговите потреби.
Дела 4:32-35 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Сите што поверуваа беа толку сплотени и еднодушни, што никој од нив не зборуваше за својот имот како за лична сопственост, туку се им беше заедничко. Апостолите со голема смелост сведочеа за воскресението на Господ Исус, и Бог спрема сите нив беше многу благонаклонет. Меѓу нив немаше сиромаси, зашто оние што имаа ниви и куќи ги продаваа и парите од продаденото им ги даваа на апостолите, а тие на секого му делеа според неговите потреби.
Дела 4:32-35 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А множеството на оние, кои поверуваа, имаше едно срце и една душа, и никој не велеше дека нешто од неговиот имот е негово, туку сѐ им беше општо. Апостолите сведочеа многу силно за воскресението на Господа Исуса и голема благодат беше над сите нив. И никој меѓу нив не беше во скудност, зашто сите, кои имаа ниви и куќи, ги продаваа, а цената на продаденото ја донесуваа и ја ставаа пред нозете на апостолите. И секому му се даваше колку кому му беше потребно.