Дела 4:29-30
Дела 4:29-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ги гледаш сега, Господе, нивните закани! Дај им на Своите слуги смелост да ја проповедаат Твојата порака! Испружи ја раката Твоја за да исцелуваш, да даваш видливи докази, чуда да се случуваат во името на Твојот свет Слуга Исус!“
Дела 4:29-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И сега, Господи, погледај на нивните заплашувања и дај им на слугите Свои наполно слободно да го проповедаат Твоето слово, полагајќи ја раката Своја за исцеление, и да се случуваат чудесни знаци во името на Твојот Свет Син Исус.“
Дела 4:29-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А сега, Господи, погледај на нивните закани, и дај им на Твоите слуги да го проповедаат Твоето Слово сосем смело, протегнувајќи ја при тоа Твојата рака, за да стануваат исцелувања и знаци, и чудеса, преку името на Твоето Свето Дете Исус!“