Дела 3:19-21
Дела 3:19-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Покајте се, пак, и обратете се, за да се очистите од гревовите ваши, за да дојдат од Господ времиња за освежување и Тој да ви Го прати вам претскажаниот Исус Христос, Кого небото треба да Го прими до она време, кога ќе се воспостави сѐ што беше рекол Бог преку устата на сите Свои пророци од создавањето на светот.
Дела 3:19-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Затоа покајте се и свртете се кон Бога, за да ви бидат избришани гревовите. Тогаш, присуството на Господ во вашите животи ќе ви донесе освежување и Бог ќе ви Го испрати Месијата Исус, Кој од порано ви беше претскажан. Исус треба да остане на небото, се додека не дојде време Бог да обнови се, како што ни вети уште одамна преку Своите свети пророци.
Дела 3:19-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, за да дојдат, од лицето на Господа времиња на освежување, и да Го испрати Претскажаниот за вас Исуса Христа, Кого небото треба да Го прими до времето, кога ќе биде воспоставено сѐ, за кое Бог зборуваше од древноста преку устата на Своите свети пророци.