Дела 26:17-18
Дела 26:17-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А јас ќе те заштитувам од твојот народ и од другите народи кај кои те испраќам за да им ги отвориш очите, па да се обратат од темнина кон светлина, од власта на Сатаната кон Бог. Така ќе добијат простување за своите гревови и наследство заедно со сите други што станаа Божји народ, одбрани преку вера во Мене.‘
Дела 26:17-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
издвојувајќи те од овој народ и од незнабошците, кај кои ќе те испратам сега, за да им ги отвориш очите нивни, та да се обратат од темнината во светлина и од власта на сатаната кон Бога, па преку верата во Мене да примат простување на гревовите и наследство меѓу осветените.‘
Дела 26:17-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
избавувајќи те од луѓево и од народите, при кои те праќам сега, за да им ги отвориш очите, и да се обрнат од темнината кон светлината; од сатанската власт кон Бога, и преку верата во Мене да примат опростување на гревовите и наследство меѓу осветените.’