Дела 25:6-7
Дела 25:6-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
По осум до десет дена, Фест се врати во Цезареја. Следниот ден седна во судот и нареди да го доведат Павле. Околу него се насобраа Евреите кои беа дошле од Ерусалим и изнесоа многу тешки обвиненија против Павле, но не можеа да ги докажат.
Дела 25:6-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И откако беше кај нив, не повеќе од десет дена, слезе во Кесарија, и утредента седна на судскиот стол и заповеда да го доведат Павле. А кога го доведоа, Јудејците што беа дошле од Ерусалим, застанаа наоколу, и многу тешки обвиненија изнесуваа против Павле, кои не можеа да ги докажат.
Дела 25:6-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Откако слезе во Ќесарија, се задржа меѓу нив осум или десет дена, и веќе утреден седна во судот и заповеда да го доведат Павла. А кога тој дојде, го опкружија Јудејците, кои дојдоа од Ерусалим, и изнесоа против него многу тешки обвиненија, кои не можеа да ги докажат