Дела 22:4-5
Дела 22:4-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
До смрт ги гонев јас приврзаниците на тоа учење, врзувајќи и предавајќи во затвор и мажи и жени. За тоа може да посведочи првосвештеникот и целото старешинство. Од нив примав и писма за браќата и одев во Дамаск, да ги доведам во Ерусалим и оние кои беа таму врзани, за да бидат казнети.
Дела 22:4-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ги прогонував христијаните до смрт. Ги врзував и ги носев в затвор, без разлика дали беа мажи или жени. Ова можат да го потврдат Првосвештеникот и сите старешини. Од нив добив писма за нашите браќа Евреи во Дамаск, со кои ме овластија да одам во Дамаск и да ги апсам тамошните христијани, а потоа, оковани во пранги да ги доведам во Ерусалим за да бидат казнети.
Дела 22:4-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Го гонев овој Пат до смрт; и врзував и предавав во темници мажи и жени, како што може да посведочи за мене првосвештеникот, со сите старешини. Од нив примив и писма за браќата во Дамаск, каде одев за да ги дотерам врзани во Ерусалим и оние, кои беа таму, за да бидат казнети.“