Дела 2:45-47
Дела 2:45-47 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ги продаваа своите имоти и наследства и на секого му даваа според неговите потреби. Секој ден се собираа во храмот, сложни и посветени. Организираа Господова вечера по домовите и секој ја делеше својата храна со другите, радосно и со чисто срце. Го славеа Бога и беа омилени кај сите луѓе. А Господ секојдневно им придодаваше новоспасени души.
Дела 2:45-47 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
продаваа имоти и сопствености и на секого му раздаваа колку што му беше потребно. И секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, прекршувајќи леб по куќите, се хранеа со радост и со чисто срце. Го фалеа Бога и стекнуваа благонаклонетост кај сите луѓе. А Господ секој ден ги придодаваше спасените кон нивното мноштво.
Дела 2:45-47 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И продаваа стоки и имоти и тоа го делеа на сите, секому според неговата потреба. И секој ден беа постојано и еднодушно во Храмот; раскршуваа леб по домовите и примаа храна со радост и просто срце, фалејќи Го Бога беа омилени кај сиот народ. А секој ден, Господ ги додаваше оние, кои се спасуваа.