Дела 2:43-47
Дела 2:43-47 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кај народот се појави страв, зашто апостолите правеа многу чуда и видливи докази. Сите христијани се здружија и се што имаа им беше заедничко. Ги продаваа своите имоти и наследства и на секого му даваа според неговите потреби. Секој ден се собираа во храмот, сложни и посветени. Организираа Господова вечера по домовите и секој ја делеше својата храна со другите, радосно и со чисто срце. Го славеа Бога и беа омилени кај сите луѓе. А Господ секојдневно им придодаваше новоспасени души.
Дела 2:43-47 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И страв ја обзеде секоја душа, зашто многу чудеса и знаци се вршеа преку апостолите. А сите што веруваа, беа заедно и сѐ им беше заедничко; продаваа имоти и сопствености и на секого му раздаваа колку што му беше потребно. И секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, прекршувајќи леб по куќите, се хранеа со радост и со чисто срце. Го фалеа Бога и стекнуваа благонаклонетост кај сите луѓе. А Господ секој ден ги придодаваше спасените кон нивното мноштво.
Дела 2:43-47 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А страв влезе во секоја душа, зашто апостолите правеа многу чудеса и знаци. А сите кои поверуваа беа заедно и сѐ им беше општо. И продаваа стоки и имоти и тоа го делеа на сите, секому според неговата потреба. И секој ден беа постојано и еднодушно во Храмот; раскршуваа леб по домовите и примаа храна со радост и просто срце, фалејќи Го Бога беа омилени кај сиот народ. А секој ден, Господ ги додаваше оние, кои се спасуваа.