Дела 2:25-28
Дела 2:25-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто Давид за Него вели: ‚Секогаш Го гледав Господ пред себе. Тој е од мојата десна страна, за да не се поместам. Затоа се развесели срцето мое и се возрадува јазикот мој; а уште и телото мое ќе почива во надеж; зашто Ти нема да ја оставиш душата моја во Адот, ниту, пак, ќе дозволиш Твојот праведник да види распаѓање. Ти си ми ги покажал патиштата на животот; Ти ќе ме исполниш со радост преку лицето Свое.‘
Дела 2:25-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
За Него, Давид вели: ?Знам дека Господ е постојано со мене, Тој ми е оддесно - нема да потклекнам! Поради тоа срцето ми е весело, и душата ми се радува; а и телото во надеж ќе ми почива, зашто Ти во гробот нема да ме оставиш, ниту ќе дозволиш Твојот Светец да доживее распаѓање. Ти ми го објави патот на животот, Твоето присуство ќе ме исполни со радост.‘
Дела 2:25-28 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто Давид вели за Него: ‘Постојано Го гледам Господа пред себе; Тој ми е оддесно, за да не се поместам. Затоа се развесели моето срце и се зарадува мојот јазик; а и моето тело ќе почива во надеж; зашто нема да ја оставиш мојата душа во Подземјето, ниту ќе дозволиш Твојот Светец да види распаѓање. Ти ми ги покажа патиштата на животот, ќе ме исполниш со веселба пред Своето лице.’