Дела 19:8-10
Дела 19:8-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Потоа Павле влезе во синагогата, и тука три месеци смело проповедаше и расправајќи ги уверуваше за царството Божјо. Но, бидејќи имаше некои жестоки противници на верата, кои говореа лошо за патот Господов пред народот, Павле се оддели од нив, ги одвои учениците и секојдневно расправаше во училиштето на некој си Тиран. Тоа траеше цели две години, така што сите жители на Азија, како Јудејците, така и Елините, можеа да го слушаат словото за Господ Исус.
Дела 19:8-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа Павле одеше во ефешката синагога три месеци каде со голем жар им проповедаше на Евреите, се расправаше со нив и ги убедуваше во врска со Божјото царство. Кога еден дел од нив тврдоглаво одбија да поверуваат и почнаа јавно да зборуваат лоши работи за Христовото учење, Павле ја напушти синагогата, но ги поведе со себе оние што поверуваа во Христа и секојдневно проповедаше во училиштето на Тиран. Ова продолжи во текот на две години, така што сите жители на Азија, и Евреи и Грци, имаа можност да ја слушнат Господовата порака.
Дела 19:8-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш влезе во синагогата и таму зборуваше смело, три месеци за Божјото Царство и се трудеше да ги убеди. Но бидејќи некои беа корави и непокорни, и зборуваа зло за Патот пред множеството, тој отстапи од нив и ги оддели учениците, и секојдневно проповедаше во училиштето на некој си Тиран. Тоа продолжи две години, така што сите, кои живееја во Азија, Јудејците и Грците, го чуја Господовото Слово.