Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 19:1-6

Дела 19:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Додека Аполос беше во Коринт, Павле патуваше низ внатрешноста, во околината на Ефес, а потоа се симна во градот. Таму најде неколку нови Христови следбеници, и ги праша: „Го примивте ли Светиот Дух кога поверувавте?“ Тие му одговорија: „Ние и не знаеме дека постои Свет Дух!“ Тогаш Павле ги праша: „А како сте крстени?“ “Онака како што крштаваше Јован Крстител“ - му одговорија тие. Павле им рече: „Јован ги крштаваше луѓето кои се каеја поради своите гревови. И самиот тој им велеше на луѓето дека е неопходно да веруваат во Оној што доаѓа веднаш по него, а тоа беше Исус.“ Кога го слушнаа ова, одново се крстија, овојпат во името на Господ Исус. Потоа Павле се помоли за нив, положувајќи ги над нив рацете и Светиот Дух слезе врз нив, па тие почнаа да зборуваат на други јазици и да пророкуваат.